Сончево и многу топло со температура до 38 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, утре и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура.

Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигне 40 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло