Сончево и многу топло до 40 степени и УВ индекс 9

Од:

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Според УХМР, нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло.

Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени.

Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Продолжува периодот на многу топло време, температури до 40 степени

Топлиот бран продолжува, наместа можни и температури од 40 степени

Топлотен бран во земјава со температури до 40 степени, надлежните со препораки за заштита на граѓаните

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло, температурата до 36 степени