Сонце, ветер и облаци деновите, во продлжениот викенд врнежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, со брзина од над 50 километри на час. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер, над 60 километри на час.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно и посвежо

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

А1он

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Од денеска дожд, петок и сабота со поинтензивни врнежи