Левичарското здружение „Солидарност“ најави дека пред Уставниот суд ќе се обидат да ги оспорат дел од законите според кои се воведени измените за плаќање на придонеси и за хонорарите.
Освен претставката до Уставниот суд, од здружението најавуваат дека ќе продолжат и со организирањето на протести против овие законски измени кои стапија на сила на почетокот на оваа година.
Досега повеќе организации, друштвата на писателите и на ликовните уметници, Здружението на новинарите, дел од синдикатите, невладините организации, преведувачи, глумци, музичари и други хонорарни работници соопштија дека се против овие измени.
Мета