• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Сојузот на воени инвалиди повика на илинденски собир во Кривопаланечкото село Трново

by А1он01/08/2017 - 14:46762
Share0

Големиот државен празник Илинден, 2 август и голем христијански празник, кога православните верници го чествуваат Свети Илија, ќе биде прославен и во селот Трново, во дворот на некогашното старо училиште, кое сега е одморалиште од отворен тип.

Добивај вести на вибер

-Стариот руиниран објект, училишна зграда која беше дотраена и оставена на забот на времето, го реновиравме и сменивме до непрепознатливост, со цел создавање услови за развој на алтернативен, селски туризам во недопрената природа на Осоговието. Иако не се финализирани сите градежни акативности, утрешнито голем празник, Св. Илија, повикувам сите граѓани на Крива Паланка, регионот и пошироко, да ги прославиме овде заедно. Да ја искористиме убавата селска идила, на горештините да го возобновиме и омасовиме собирот кој овде се одржувал во минатото, рече Ѓоко Трајковски, управител на одморалиштето „Трновски ветар“.

Порача сите Македонци да се навратат кон корените, традицијата, да ги зачуваме трајните вредности кои не одржале да опстоиме низ вековите.

-Овој објект е изграден со многу посветеност, со цел да се сочуваат од заборав местата каде се образувале нашите предци. Од училиште, центар на образование, овој објект денес може да прерасне во место каде ќе се слави убавината на земјата Македонска, со природа обдарена со свеж планиснки воздух, билки и плодна почва, додаде Трајковски.

Одморалиштето се наоѓа на петстотини метри оддалеченост од манастирот свети Никола, во селото. Располага со капациет од триесетина легла, со бројни тремови во природа за сите кои сакаат да кампуваат на отворен простор. Рече дека обезбедена е вода за пиење од сопствена бушотина, испитана од страна на Минситерство за животна средина и просторно планирање и Центар за јавно здравје.

Утре, во склоп на собирот, ќе се одржи и традиционалнаат крводарителска акција.

Објектот е реновиран со средства од над педесет илјади евра, а истиот општина Крива Паланка го додели на стопанисување од 20 години на Сојузот на воени инвалиди на Македонија.

2 avgustkriva-palanka

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 17:10

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски01/08/2025 - 10:3301/08/2025 - 10:37

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски27/07/2025 - 12:2527/07/2025 - 12:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен