А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Социјална работничка со полиција доцна синоќа сакаше да го зема четиригодишното дете на сила

by А1он20/06/2025 - 14:0420/06/2025 - 14:2715353
Share0

Вработена од Центарот за социјална работа синоќа со ангажирање на полиција сакаше да го зема четиригодишното дете, заедно со таткото на детето. Случајот на Невена Спасеска навлегува во нова фаза-се прават „заложнички драми“ намерно пред одлуката на Врховниот суд со цел да се прикаже мајката како криминалец која не го дава детето и против неа се поднесуваат кривични пријави од Центарот и од таткото дека го „грабнала сопственото дете“.

Следете a1on на Instagram Instagram

За потсетување, во 2022 година токму таткото го грабнал своето дете и тргнал во непознат правец за да интервентната полиција го пресретне на патарината во Петровец.

Социјалната работничка доцна синоќа пред зградата на родителите на Невена Спасеска сакаше со полиција да го зема дететото. Според нив, се заканувала дека „ако не го дадат доброволно ќе го земела со сила“. Дали е пракса деца од четири години да се грабнуваат навечер во никое време од непознати лица за него и дали Центарот има во предвид дека ќе предизвика трауми кај тоа дете. И сето ова се прави по правосилната пресуда во Битола дека старателството се дава на таткото, и во момент кога има извршна одлука одлука дететото да се предаде на 30 јуни токму во Центарот за социјална работа.

Овие акции се по барање на таткото од Охрид, кој го немал видено детето четири месеци и кој според информации од семејството на мајката и се заканувал дека „кога ќе го земе нема никогаш да го види повеќе. Од таа причина, знаејќи дека е и моќен и богат, и знаејќи како „помина“ во судот во Охрид и Битола, мајката со неколку дописи бараше од Центарот за социјална работа во Скопје да и дадат решение со кое ќе се стави вон сила решението за гледање со таткото, а ќе има одредени термини кога ќе може таа да го гледа детето, како што стои и во пресудата, но тоа не и го даваат. Центарот сакаше и синоќа да го земе детето со старо решение кое според нив важи за да се земе дететето, но не важи потоа по тоа решение мајката да се гледа со детето. Образложението е дека треба прво да го даде детето, а потоа ќе и се изготвело решение, што укажува на тесна поврзаност на таткото со вработени во Центарот за социјална работа кои и ги развозува по Скопје со свое возило. А1он упати прашања дали вработени од Центарот во Скопје се возат со возило на таткото уште пред еден месец, но никогаш за ова не доби одговор.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од ова прозлегува дека генератори на проблемот се Центрите за социјална работа во Охрид и во Скопје. Првиот зашто работел во интерес на таткото (не ја ни повикал мајката на разговор ниту дал мислење за неа) а правосилната пресуда се темели токму на ова мислење-дека таткото е машко како и дететото, дека има пари и дека помало место е идеално за растење на дете.
Центарот во Скопје по пресудата работи во интерес на таткото, иако имаше претходно мислење дека детето треба да остане со мајката. Мајката во изминативе четири месеци требаше да добие решение за термините кога може да се гледа со своето дете. Тоа беше единственото што го бараше за да може и да го предаде детето.

majka i detemakedonija

Би можело да ве интересира

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 18:1124/05/2026 - 08:22

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 17:37

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 17:3223/05/2026 - 17:33

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 16:50

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 14:5623/05/2026 - 15:02

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 14:2223/05/2026 - 15:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто