Собрани 51 единица крв на акција во Крива Паланка

Од:

На крводарителската акција која денеска се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка беа собрани 51 единица крв.

– Ова е една од редовните акции за крводарување која нашата општинска организација ја организираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Веќе е утврдена и следната акција која ќе се одржи на 7. октомври во соработка со локалната самоуправа на општина Крива Паланка, на која за сите дарители бесплатно ќе бидат изработени и биохемиски анализи на крвта, информираше Дарко Пешовски, секретар на ОО на Црвен Крст од Крива Паланка.

Пешовски додаде дека годинашниот план на проектирани крвни единици за 2014 година веќе е надминат.

– Со акциите организирани месецов, заклучно со денешната, ја достигнавме бројката од вкупно 808 единици крв собрани годинава, со што ја надминавме проектираната бројка за оваа година од 711 единици. Годишниот план за 2014 е реализиран 114 отсто, рече Пешовски.

Инаку, до крајот на годината Општинската организација на Црвен Крст од Крива Паланка планира да организира уште најмалку 5 крводарителски акции.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ