(ВИДЕО) Собери му 2000 луѓе, да изеде едно пет шест шамари Жерновски

Од:

СДСМ објави разговор за кој посочија дека е помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски, а со кој се открива дека зад протестите на верниците во Центар стоел премиерот. Според СДСМ тој барал да се соберат 2000 луѓе и да му удрат неколку шамари на Андреј Жерновски.

-Видете каков човек бил Никола Груевски, како ги злоупотребувал неговите сопаратијци, ја злоупотребувал дури и црквата.

После ова Груевски да поднесе оставка, а државата да покрене постапка против него, рече Саша Богдановиќ, претседател на ОО на СДСМ Центар.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ќе падне на уставен тоа а?
МЈ: Сто посто… Е сега…
НГ: Јас си мислам покрај тоа што на уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет шест шамари пред камери… да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си искочи
МЈ: Може да договориме сценарио мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираат
НГ: Ама не го збори ова на никој
МЈ: Не, добро
НГ: Оти ако се расчуе, џабе, ќе знае и ќе спречи
МЈ: Значи ептен онака значи, тоа е исто како мали џокица замислува нешто си прави одлука и си пишува шо сака во одлуката
НГ: Подговтви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме.
МЈ: Добро, ги имам материјалите…
НГ: У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само.
МЈ: А.. Добро е советниците да прават тие како за буџетот шо прават
НГ: Како
МЈ: Нашиве советници да прават како за тие што правеа за буџетот. Да излегуваат да викаат спротивно на закон, не си ти устав да цениш, кој си ти устав да цениш
НГ: Да да… Ќе му ја скршиме седница,
МЈ: Тоа е
НГ: Нема да може да одржи една седница,
МЈ: Важи, ќе го спремам и Мартин…
НГ: Aли да имаме со аргументи да ја напумпаме атмосферата дека праи фалш за после тоа да има оправдување за тој чекор
МЈ: Важи ќе ги спремам јас ќе се слушнам со Мартин… Ги имам сите аргументи
НГ: Ај
МЈ: Важи поздрав

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски