Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, на својот профил на Фејсбук соопшти дека се изгаснати пожарите во Долно Соње, Ракотинци и Добри Дол кои избувнаа денеска.

„Голема благодарност за посветеноста и пожртвуваноста на храбрите жители, изгаснати се пожарите во Ракотинци, Добри Дол и Долно Соње“, вели Трпковски.

Поради опасност од повторно избувнување на пожари во текот на ноќта ќе има дежурни екипи и цистерни со вода, информира градоначалникот на Сопиште.
