Со народен бунт ќе се бранат од рудникот Иловица-Штука

Од:

Народот е гневен и во паника и само што не избил народен бунт, велат активистите од „Здрава котлина“, кои деновиве се повторно револтирани од молкот на институциите пред активностите на концесионерот „Еуромакас“ за подготовка на отворање на рудникот Иловица-Штука.

„Институциите неми, а една од нив е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, која пред три дена во соработка со ‘Еуромакс’, (во рамките на Законот за заштита на културно наследство) почна со работа на терен. Поради светоста и чистотата на нашите намери, водиме сметка да не пласираме искривени факти или недоречени работи, поради тоа закажавме состанок со првиот човек на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица. Средбата се оствари завчера при што бевме уредно пречекани од страна на актуелниот прв човек на институцијата, и двајца бивши директори, едниот од нив задолжен за заштитните археолошки истражувања кои почнаа на Огражден деновиве. За жал, поради чувствителноста на темата, тензијата меѓу активистите и службениците во Музејот нарасна со текот на разговорот и на крај беа разменети дури и повишени и жолчни тонови“, информираат од „Здрава котлина“.

На средбата учествувале активисти од здруженијата „Здрава котлина“ и „Екодолина“, заедно со неколкумина жители на село Штука – долгогодишни борци против рудникот на смртта.

„На наша среќа, во здружението имаме дипломиран археолог, докажан и признаен во својата област и надвор од границите на нашата држава, археологот пристапи сериозно на целата ситуација и дојде наоружана до заби со информации за законите – државни, етички и морални, како и хронолошки документи на релација музеј – инвеститор.

Целта на средбата беше да добиеме одговори од страна на релевантната институција на прашањата кои деноноќно пристигаат на адреса на овие здруженија; воедно и да ги алармираме одговорните луѓе од институцијата за ситуацијата во овие две села каде, поради чувствителноста на темата, луѓето ги доживуваат археолошките истражувања како провокација од страна на ‘Еуромакс’ и долевање масло на огнот.

Зголемениот револт и паниката на активистите и жителите доаѓа од таму што сметаат дека со завршувањето на заштитните археолошки истражувања како предуслов за пренамена на земјиштето од лесна во тешка индустрија ќе се почне со ископот“.

„Ние како екоактивисти, дел од нас и археолози по професија, се чувствуваме морално повикани да ги поставиме прашањата од страна на граѓаните – јавно и да добиеме одговори од релевантните институции, со што би се смириле и тензиите меѓу населението во најзасегнатите села под потенцијалниот рудник на смртта. Битно е да нагласиме дека народот рапидно ја има изгубено довербата во институциите, бидејќи досега, на сите блокади, протести, алармни каравани, дискусии, укажувања, и покрај истечената концесија и некомплетноста на документацијата на инвеститорот – институциите продолжуваат да молчат“, велат активистите.

Активистите упатиле низа прашања до надлежните институции меѓу кои колку време би траеле археолошките истражувања, дали ако има некои сензационални откритија ископот ќе биде спречен и со оглед на тоа што во концесискиот простор се наоѓаат девет археолошки локалитети, пет од нив се наоѓаат во проектниот опфат на инвеститорот и дали се планирани заштитни арехеолошки истражувања на сите девет локалитети?

„Вработените ‘физикалци’ на археолошките истражувања и за почеток земаат плати од 40.000 денари месечно, претпоставуваме, со цел психолошки да се влијае на луѓето од овој крај и да се прикаже рудникот како инвестиција наспроти геноциден проект за уништување на Огражден и Струмичката Котлина). Ние, екоактивистите, изразуваме надеж дека е можно да се најде некакво правно решение, било да направат некаков допис до Управата за заштита на културното наследство или директно до Министерството за култура, и да објаснат дека продолжувањето на нивните активности се коси со етички принципи на работа и можно е да предизвика во најмала рака блокади, немири меѓу населението и можно е целата ситуација да ескалира во народен бунт“, велат тие.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

Дали и министри ќе одговараат? Концесионерот на рудникот Иловица – Штука освен арбитража најавува директни правни постапки и против индивидуални лица

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: За Иловица треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски

(ВИДЕО) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“