Со моторот излета кај Дојран, му измерија 1.6 промили алкохол во крвта

Од:

На регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, Д.Б.(22) од Нов Дојран, управувaјќи мопед „хамачи“ изгуби контрола и излета од патот. Притоа се здоби со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија.

Полициската проверка потоа утврди дека Д.Д. е под дејство на алкохол, измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он