Со медијацијата до поефикасно, побрзо и поекономично решавње на споровите

Од:

Владата го усвои Предлог законот за медијација со кој се предвидени крупни, суштински, сериозни реформи на правосудниот систем.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, законот изготвен врз основа на најдобрите светски практики содржи низа новини кои ќе им овозможат на граѓаните и компаниите многу поефикасно, побрзо и поекономично решавање на споровите.

Со постапката на медијација воедно, судовите ќе бидат растоварени за голем дел од постапките.

– Задолжително воведување на медијацијата пред судската постапка во определени случаи предвидени со материјалните закони, обезбедување субвенции од државата за одредени случаи на медијација, засилување на Комората на медијатори и формирање Одбор за медијација, се само некои од новините во законот, рече Ѓорѓиев.

За да се биде медијатор неопходно ќе биде добивање лиценца со претходно полагање испит во три дела, но и стручност, кредибилитет, способност и квалитет.

Како што информира портпаролот, со законот е дефинирано максималното траење на медијацијата да биде 180 дена.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски