Со кучиња-трагачи се бара момчето кој со автомобил излета кај Желино во Вардар

Од:

Продолжува пребарувањето на надојдените води на Вардар во надеж дека ќе се пронајде момчето кое пред два дена од засега непознати причини со својот автомобил падна во водите на реката кај тетовското село Желино. Сите служби се на терен, а на нуркачите им се приклучуваат кучиња трагачи.

„Продолжува потрагата по возачот на возилото кое на 27.9.2022 година излета во реката Вардар. Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 9 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино. Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес и во текот на денот да се изврши пребарување во малото езеро во Зелениково“ велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Голема потрага по младиот Диме Стојамиров од селото Тремник

Горан Наумовски

Со денови се трага по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци

ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Полицијата трага по возач кој повредил жена во сообраќајка во Тетово

Горан Наумовски

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ