ВИДЕО: Со главниве Индијанци завршено, сега со нашиве

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимки за кои посочи дека се разговори како се подготвува гласањето за амнестија на хашките случаи и во кои како што рече Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски пратениците од албанските партии ги нарекуваат „главни Индијанци“, но и за македонските пратеници го користат терминот Индијанци.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

ТВ: Еј, кажи Горде.

ГЈ: Ало, здраво, како си Претседателе?

ТВ: А бе во гужви, знаеш како ти е, со индијанци…

ГЈ: Денес узбуна ти направивме.

ТВ: Да бе.

ГЈ: А бе јас баш ради тоа и ти се јавувам. Адеми ми рече дека овој за јазиците го потпишале и го доставиле закон.

ТВ: Да, да, да. Па им го направивме, го потпишаа, го доставија. Сега им го дадов и за знамињата, и тој го потпишаа, и автентичното тоа.

ГЈ: Така. И значи све е у нашиот дел формално…

ТВ: Со индијанциве све е во ред. Е сега со македонскиве…

ГЈ: Ха ха, со нашиве…

ТВ: … македонскиве индијанци утре што ќе правам, ха ха.

ГЈ: Ха ха ха. Сега со нашиве, ние…нивнава работа…

ТВ: Со нашиве македонски индијанци…

ГЈ: А бе што ти е проклетство, вака…Ај што им даваш нешто што нејќеш да им дадеш, мака ти е за тоа, ај што те критикуваат, а те критикуваат за нешто што и ти лично не се согласуваш со него, па уште треба и да им го сработиш…ко казнети да сме од Господ. Ха ха ха.

ТВ: И затоа јас им реков, барем тие да се испопотпишат…

ГЈ: Да, да, да. Значи фактички со нив се е расчистено.

ТВ: А? Со индијанциве расчистено е.

ГЈ: Да, да. Со овие главниве индијанци.

ТВ: А?

ГЈ: Викам со главниве индијанци расчистено, сега со нашиве.

ТВ: Со нашиве…

ГЈ: Преѓе да ти кажам, на Мартин му реков: а бе викни ги пратенициве или појди во Собрание, знаеш, многу нови има. И сега кој знае како си го замислувале Собранието. Мислам они се сите наши, ама да не почнат со непријатно чувство, прва работа што треба да ја сработат е.

ТВ: Е да, да.

ГЈ: Знаеш, малку да ги искоординира. Оти Премиерот не знае глава кај му е сега, со коалициони, ова-она, го гази времево. Мартин преѓе се качив кај него и му викам: види барем ти викни ги луѓево. Оти стварно, сега знаеш некој прв пат станува пратеник и има очекувања. Мислам они се сите наши и се ќе направат, ама добро е некој да ги истретира.

ТВ: Добро, нема проблем.

ГЈ: Па ќе видиме што ќе направи.

ТВ: Ќе видам утре како ќе биде.

ГЈ: Ајде, држиме среќа.

ТВ: Ха ха ха.

ГЈ: Ха ха ха. Океј јас само тоа сакав да те чујам…

ТВ: Добро од страна сега…сега кај нас тука е фрлена топката…

ГЈ: Сега кај тебе се жешките костени

ТВ: Ја кога им кажав на овие, дека вака и вака Премиерот предвидува за 2-3 дена, е викаат што го лажеш, тоа може и да трае 2-3 недели.

ГЈ: А бе може, ама ти не можеш да го контролираш тој процес.

ТВ: Така е, да, да, да.

ГЈ: Во делот кај што можеш ти се направи.

ТВ: Во делот кај што можам, јас ќе го јадам утре стапот зошто сега поручек им закажувам за утре.

ГЈ: За утре е, плус во делот кај што можеш

ТВ: Тоа тука, ама во она кај што ќе зборат комисии, колку време ќе зборат…

ГЈ: Тоа Господ знае.

ТВ: ….и како таму ќе се…тоа Господ знае, да. Не можеш тука ништо да планираш.

ГЈ: Ништо, сега ние од оваа страна ќе држиме среќа. Тоа можеме.

ТВ: Така де така, да. Ха ха ха.

ГЈ: Ха ха ха. Океј. Ако треба нешто…

ТВ: А бе чим се зафативме, ќе го средиме.

ГЈ: Да, да, да. Еее што не сме завршиле, па ова.

ТВ: Важи, важи Горде.

ГЈ: Океј, ајде.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски