Со четири хеликоптери и ер трактори се гасне пожарот на планината Серта од неготинска страна

Од:

– Во моментов четири хеликоптери и ер трактори вршат гаснење на пожарот и од воздух, на планината Серта од неготинска страна. Пожарот што избувна во средата околу 10.30 часот е се уште активен и денеска се гасне од земја и воздух. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во изјава за МИА нагласи дека се прават максимални напори за справување со пожарот.

– Пожарот што деновиве е активен на подрачјето на општина Неготино ги интензивира активностите. Од раните утрински часови екипи на ТППЕ Неготино, ТППЕ Кавадарци, припадници на АРМ, ОВР Неготино, припадници на ЕБР како и претставници на Македонија пат интензивно работат на расчистување на дрвјата од двете страни на патниот правец Неготино – Штип, со цел спречување на поголемо проширување на пожарите, информираше Стојанов.

Кризниот штаб на Неготино синоќа најави најмасовно гаснење на пожарот на Серта од воздух и од земја. На одржаниот состанок во проширен состав, беа координирани предвидените активности во врска со гаснењето на пожарот на планината Серта. Најавено беше и дека денеска од воздух ќе се дејствува со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци.

– Кризниот штаб ја обезбеди и потребната механизација за дејствување од терен, соопштија од Кризниот штаб.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он