Со автомобил удри во пет возила, три контејнери и семафор, па тешко повреден заврши во болница

Од:

МВР информира дека завчера попладне во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Григор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с. Арачиново, скопско, удри во три паркирани возила – „цитроен“,„шевролет“ и „пежо“, сите со скопски регистарски ознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжи со движење и на крстосница од бул. „Крсте Петков Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“ удри во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с. Долно Лисиче, скопско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здоби возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Казнет е возачот кој „леташе“ со 293 километри на час на автопат кај Неготино

А1он

Тројца повредени во тешка сообраќајка на булевар во Скопје

А1он