СМК бара Македонија да го продолжи членството во ОН под државното име

Од:

Светскиот македонски конгрес бара Собранието на Република Македонија да донесе Декларација за воспоставување на државното име Македонија во Обединетите нации со поднесување резолуција до Генералното собрание на ОН, која ќе биде нејзин дел.

„Резолуцијата гласи „државата со привремено обраќање за сите цели во рамките на ОН како ПЈРМ во согласност со Резолуцијата 47/225 на Генералното собрание на ОН го продолжува своето членство во Обединетите нации со нејзиното уставно име Република Македонија“, рече на денешната прес-конференција претседателот на СМК Тодор Петров.

СМК смета дека Македонија може да ја добие поддршката за изгласување на Резолуцијата во Генералното собрание бидејќи, како што рече Петров, таа се донесува со мнозинство гласови од присутните во моментот на гласањето, а Македонија од 194 држави членки на ОН под државно име е признаена од 133.

Барањето СМК го оправдува со фактот што разговорите со Грција во врска со државното име Македонија не даваат суштински резултат, а правните последици по државата и граѓаните се големи.

Според СМК основа за донесување на оваа резолуција во Генералното собрание на ОН е советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година со толкување на дополнителните услови за прием кои укажуваат дека се незаконити дополнителни услови за прием на нови држави за членство во ОН, надвор од условите содржани во членот 4 на Повелбата на Обединетите нации, прифатено од страна на ГС на ОН.

СМК утре ќе организира протест пред Собранието на Република Македонија каде што генералниот секретар Бан Ки Мун ќе се обрати пред пратениците. Мирниот протест е под мотото „Стоп на разговорите за името Македонија“ и „Стоп на грчкиот геноцид вр Македонците“.

Би можело да ве интересира

СМК повика за семакедонско помирување и обединување

Емир Латифовиќ

Изборно генерално собрание на СМК

Емир Латифовиќ

СМК ќе гради 33 метарски крст во општина Аеродром

Емир Латифовиќ

СМК: Промената на името на државата е трајна промена и на името на народот и јазикот

Емир Латифовиќ

СМК: Македонците од Албанија кои имаат државјанство имаат право на глас

Ана Ололовска

СМК: Кревањето на 35 метарско албанско знаме во Кичево е провокација

Ана Ололовска