Случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ нема да го политизирам, вели Мицкоски

Од:

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ нема да го политизира, туку како што рече како Влада ќе сторат се што е во нивна моќ за семејствата на настраданите и за Општина Кочани. Тој најави дека наскоро ќе го објават и проектот кој е планиран за градот и на кој се работи заедно со ЕУ.

-Јас никогаш нема да го политизирам овој случај и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ тоа да го направиме. И работам на еден таков проект, заедно со канцеларијата на Европската унија. Се надевам дека многу скоро до крајот на месецот ќе го објавиме – големината на овој проект и што ќе опфаќа овој проект за Кочани. Така што болката кај сите нас, а посебно кај родителите на загинатите луѓе од таа ужасна несреќа и на оние повредените ќе трае цел живот. Тоа не е сентимент, којшто се губи преку ноќ. Но ние како Влада имаме обврска и одговорност кон сите граѓани да се бориме за правдата и, правда како што гледате за разлика од принципот до сега, веќе има, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски на новинарско прашање за притворот на реалниот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев додаде дека Обвинителството постапува согласно истрагата и тоа што бара Обвинителството од Министерството за внатрешни работи, МВР го испорачува и по ова прашање никој не треба да има дилема.

– Тоа што ќе каже, и секој оној којшто е одговорен согласно Јавното обвинителство – Министерството за внатрешни работи ќе постапи така. Така што, да ги оставиме да ја водат истрагата. Е сега жалам што одредени некрофили во политичките партии се обидуваат преку овој случај да добијат некои политички поени. Мислам дека тоа им се враќа како бумеранг во глава и дека тоа не им е успешна мисија, рече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Коцевски очекува обвинение за полицајците во случајот „Пулс“ до септември

Мицкоски: За помалку од една година исплативме повеќе од девет милијарди денари субвенции

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз