Словачки стипендии за македонски студенти

Од:

Објавен е повик за аплицирање за стипендија во рамки на „Националната програма за стипендија на Република Словачка”, во текот на учебната 2018/2019 година, соопшти денеска  Словачката амбасада во Македонија.

Крајниот рок за аплицирање е до 30 април годинава до 16:00 часот.

Апликациите се поднесуваат онлајн на веб страната: www.scholarships.sk.

„Националната програма за стипендии на Република Словачка” ја поддржува мобилноста на меѓународните студенти, докторанти, универзитетски професори, истражувачи и уметници да престојуваат на словачки универзитети и словачки истражувачки организации, информира Амбасадата на Словачка.

Студентите и докторандите можат да аплицираат и за трошоците за патување.

Детални информации за можностите за овој тип стипендија се достапни на веб страната: www.scholarships.sk.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование