На Фејбук се појави нова страна „Слобода за Кили“, која само за два дена има речиси 6 илјади поддржувачи.
Сите што се приклучуваат на барањето за слобода на актерот кој е во притвор поради одгледување марихуана во семејната куќа во Визбегово, испраќаат фотографии „Слобода за Кили“, а тоа веќе го направиле и дел од притворените во истражниот затвор „Скопје“.
Кирил Поп Христов е човек кој ја сака слободата, почитува и гради паркови, вистински паркобран! Неговото апсење го погоди секој од нас.
Во негова поддршка овој понеделник во паркот кај Бристол организираме собир. Ќе го прикажуваме „Тетовирање” од Столе Попов каде Кили игра една од своите најпознати улоги.
После филмот собирот, DJ сет на Шурбе и неформален муабет за третманот што Кили, а и сите ние го добиваме од државата, се вели во повикот на Фејсбук страната.