Следната недела температури и до 40 степени

Од:

Следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Како што информира УХМР, од почетокот на следната работна недела дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 степени, а дневната од 29 до 36. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он