Скопски таксист ограбил брачен пар од Австралија

Од:

Таксист возел брачен пар од Австралија за 200 ден километар, од новчаникот на мажот сам зел 1700 денари и ги избркал луѓето од возилото. Вакав случка пријавил 37-годишник во полицијата.

– На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар. Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец