Денеска (05.03.2023) во периодот од 10 до 16 часот полицијата спроведе акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„При контролата санкционирани се 92 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, седумина управувале возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 17 се казнети за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), а откриени се тројца возачи под дејство на алкохол“, велат од МВР.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.