Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

Од:

Во присуство на многу деца со нивните родители, граѓани на Скопје и гости од целата држава вечерва на плоштад „Македонија“ свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември.

На настанот, пред палењето на светилките на елката кое копче симболично го притисна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, настапи хор составен од десетици деца од скопските училишта со изведба на празнични песни, а публиката уживаше и во балетска претстава.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска пак порача дека целта е главниот град да се позиционира како современа европска метропола со континуирана и разновидна празнична содржина за сите генерации.

Програмата предвидува секојдневни музички настапи, диџеј сетови и уметнички изведби, а викендите ќе бидат посветени на најмладите со креативни работилници и анимации.

Централниот дел од програмата започнува на 27 декември со настапи, забави и награди во соработка со Државната лотарија на Македонија. Новогодишната ноќ ќе биде одбележана со концерти на македонски изведувачи, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Куку Леле и 2 Бона.

Трошокот за украсување на градот изнесува помалку од 70.000 евра, а програмата е наменета за сите граѓани без разлика на вера и нација, нагласи Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година