Скопјанка сакала да земе кредит со туѓа лична карта

Од:

Против 54-годишна скопјанка е поднесена кривична пријава поради сомнение за „измама при добивање на кредит или друга погодност” и за „злоупотреба на лични податоци” бидејќи се обидела да подгине кредит со туѓа лична карта информира Министерството за внатрешни работи.

– На 04.11.2022 во финансиско друштва во Скопје, пријавената поднела документи за добивање кредит и притоа употребила лична карта на друго лице и се потпишала на апликацијата за кредит во име на другото лице на кое гласела личната карта се наведува во соопштението од МВР.

Вработената во финасиското друштво се посомневала во идентификацијата и пријавила во полиција.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес