Скопјанец со автоматска пушка ограбил казино

Од:

Против 27-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага бидејќи е осомничен за разбојништво. Тој на крајот од јануари годинава со автоматска пушта ограбил казино во населбата Маџари. Обвинителството бара притвор.

Во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, 27-годишникот со огнено оружје им се заканил на двајца вработени и одзел 22.500 денари. Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка.

Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода