Скопјанец се обидел да изврши полов напад врз две деца

Од:

Кривична пријава за полов напад во обид врз малолетник е поднесена против 28-годишниот скопјанец И.Г. Тој е предаден до надлежното Основно јавно обвинителство и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Се сомничи дека во текот на ноември лани и во јануари годинава извршил две кривични дела врз две деца на возраст од 10 и 11 години.

Според документираните сознанија од истрагата, тој на 2 ноември минатата година околу  18:15 часот на улицата „Максим Горки“ во близина на плоштадот Македонија, пресретнал 11-годишно дете кое се обидел да го однесе во зграда на вториот кат. Во еден момент се обидел да го соблече и допира по телото по што детето успеало да се ослободи и побегнало до една туристичка агенција каде побарало помош. Пријавениот влегол во агенцијата и на вработениот му рекол дека ништо лошо не направил, туку само побарал детето да му покаже некоја зграда во близина, по што си заминал. Од страна на таткото на детето, настанот е пријавен во полиција. Детето извршило препознавање по фотографии и го препознало И.Г.

Во вториот случај на 21 овој месец околу 12:30 часот на улицата „Никола Парапунов“ пресретнал десетгодишно девојче кое откако го прашал дали знае каде е зградата број 9 ја фатил за рака сакајќи да ја внесе во влезот од зградата. Девојчето го замолело да ја пушти по што И.Г. и рекол дека е извалкана на панталоните и почнал да ја допира за бутините по што и ги соблекол панталоните. Во еден момент девојчето се отргнало и избегало дома каде се сокрило во својата соба, а потоа за настанот и кажала на  својата мајка. Настанот е пријавен од таткото на детето и извршено е препознавање од фотодокументацијата при што детето го препознало И.Г.

Во тек се мерки за расчистување и на други кривични дела за кои постои сомневање дека се извршени од пријавениот.

Доколку одредени граѓани се оштетени при ваквите кривични дела може случаите да ги пријават во најблиската полициска станица и да направат увид во фотодокументацијата.

Осомничениот и е познат на полицијата по сторени кривични дела „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, „силување во обид“ и  „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

Карлос Сантана: Му простив на човекот кој сексуално ме злоставуваше кога бев дете

(ВИДЕО) Се повеќе случаи на педофилија и силување малолетници – Безбедни ли ни се децата?

На адресите ширум Србија пристигнуваат спам мејлови за педофилија: Не отворајте ја поштата

А1он