Скопјанец обвинет за насилство врз тинејџерка

Од:

Обвинение за напад заработи шеесет и четиригодишен маж, кој со тупаници и стап нападнал девојче, потстанарка кај него, оти скршила огледало. Обвинител побарал продолжување на притворот поради опасност од бегство.

Од Јавното обвинителство соопштија дека надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство. На 23 јануари, обвинетиот 64-годишник извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години.

-Девочето со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот. На критичниот ден девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и телото и да ја влече за косата. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и ја исекол на задната страна на вратот. Потоа зел вилушка и и ја ставил под вратот, во исто време тегнејќи ја за косата. Од извршеното насилство оштетеното дете се здобило со телесни повреди – гребаници, набиеници и отоци, појаснуваат од ЈО.

За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и една ипол година, која не успеала да му помогне на девојчето и кај која обвинетиот со своето однесување предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

Карлос Сантана: Му простив на човекот кој сексуално ме злоставуваше кога бев дете

(ВИДЕО) Се повеќе случаи на педофилија и силување малолетници – Безбедни ли ни се децата?

На адресите ширум Србија пристигнуваат спам мејлови за педофилија: Не отворајте ја поштата

А1он