Скопјанец е тешко повреден, со автомобилот удрил во канделабра

Од:

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, синоќа во 23:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на булевар „Илинден“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С., на возраст од 25 години, удрило во метална канделабра.

Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д., на возраст од 34 години од село Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР – Скопје.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он