Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски

Од:

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјата и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот.

– Во сетот забелешки има и објективни што може да се вметнат, а има и забелешки што се тенденциозни, субјективни и не се насочени кон подобрување на документот. Мора да разграничиме меѓу она што може да го примениме и она што не може да го примениме бидејќи замислете – утре го објавуваме документот и во него има нешто што не можеме да го примениме. Истата оваа Бугарија ќе оспорува пред Европската Унија дека не напредуваме во однос на акцискиот план за малцинствата. Мора да ги гледаме овие прашања низ една темелита призма бидејќи ваквите документи создаваат обврски и за државата и за нејзините институции, изјави денеска Муцунски.

Во однос на Бугарија вели дека го разочарува начинот на којшто Софија одлучува да комуницира на оваа тема.

– Фактот дека голем дел од забелешките што доаѓаат од нив не се забелешки дадени во добра верба и не се забелешки кои во основата ја имаат објективната слика за состојбите со малцинските права. Има една тенденциозност во настапот на Бугарија и тоа најдобро го видовте преку соопштението од нивното Министерство за надворешни работи за што ние и соодветно одговоривме. Патем, и пристапот кон македонскиот јазик во рамки на таа објава беше срамен и некоректен, рече Муцунски.

За самиот акциски план вели дека е одличен документ за којшто може да има објективни забелешки и дека на него работеле домашни и меѓународни експерти, а ангажиран бил и тим од експерти од Советот на Европа. Тоа не е документ за бугарското малсинство, тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со сите малцински права во државата, нагласува Муцунски.

– Имаме изработено одличен документ којшто може да има објективни критики кои би го подобриле, но напоменувам дека тоа не е документ за бугарското малсинство во државата. Тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со малцинските права во рамки на нашата држава. Сите меѓународни експерти нотираат дека имаме повисоки стнадарди и од голем дел од земјите членки од Европската унија по ова прашање, но секогаш можеме подобро. Треба да бидеме свесни дека создаваме документ којшто треба да биде усвоен од Владата и којшто ќе треба да ги имплементираме. Не е целта се да се имплементира, ќе ја имплементираме секоја забелешка која е објективна и која државата може да ја примени, рече Муцунски пред средбата со раководството на „Македонија 2025“.

Би можело да ве интересира

Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Катерина Ѓуровски

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина

Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена

Муцунски на министерски состанок во Брисел: Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ

А1он

Муцунски: Македонскиот јазик, идентитет и достоинството на нашиот народ не се и не можат да бидат точки на преговарачка маса

А1он