Сите училишта од општина Кавадарци побарале настава со физичко присуство

Од:

Симулација на училишен ден се реализираше денеска во Основното општинско училиште „Тоде Хаџи-Тефов” во Кавадарци, во која учествуваа вработени, претставници на општината и други лица од воспитно образовниот процес, родители.

– Општина Кавадарци заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претставници на воспитно образовниот процес работеа напорно во изминатиот период со цел да се обезбеди соодветна примена на протоколот за постапување на училиштата во време на Ковид-19 и правилниците за постапување на воспитно образовните институции, со настава со физичко присуство. Денешниот настан треба да ни покаже дали се исполнети сите услови и кои се недостатоците кои би ги имала наставата со физичко присуство на ученици, кои мерки дополнително би требало да се преземат. Затоа што на прво место е безбедноста, рече Тодор Ефремов, секретар во Општината.

Тој информираше дека сите училишта од општина Кавадарци изразиле подготвеност и барање за настава со физичко присуство до локалната самоуправа. Тие барања се проследени до Министерството за образование.

– Доколку не се дозволи настава со физичко присуство, општината работи и на подготовка на училиштата за он-лајн настава со соодветни интернет пристап и опрема. Ние сме за тоа да имплементираме најсоодветна настава, без последици врз здравјето, нагласи Ефремов.

Директорката на училиштето, Марија Трајковска рече дека со оглед на Ковид-19, образованието е исправено пред еден голем предизвик.

– Нашето училиште согласно одлуките на Училишен одбор, Наставнички совет и Совет на родители, реши да побара настава со физичко присуство. Дури 93 проценти од родителите се за таква настава. Ако добиеме дозвола, ќе користиме три влеза, ќе има настава од 7 до 20 часот. Часовите ќе бидат 30 минути, имаме редарски служби, средства за дезинфекција и лична хигиена, нагласи Трајковска.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование