Систем за управување со информации за Дримскиот басен

Од:

Претставници од петте државите во Дримскиот басен денеска во Тирана треба да усвојат систем за управување со информации (Information Management System- IMS) кој треба да овозможи размена на податоци во прифатлива архитектура и рамка.

Како што појасни координаторот во тимот за Дримскиот процес Дејан Пановски, размената на податоци меѓу државите е круцијален дел од управувањето со целиот Дримски басен и езерата и од носењето на одлуките. Преставниците на државите треба да препорачаат кои податоци ќе се разменуваат, на каква платформа и во каков формат.

Дримскиот процес е поддржан од ГЕФ Дримски проект во чии рамки досега се изготвени тематски студии за институционалната поставеност, за биодиверзитет, за социоекономија, загадување и за хидрологија на Дримскиот басен. Сето тоа ќе биде основа за изработката на Прекуграничната дијагностичка анализа на басенот и Стратешкиот акциски план. Во истите рамки отпочнати се и низа проекти меѓу кои е и изработката на Планот за управување со интегралниот слив на Охридско Езеро.

Би можело да ве интересира

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван