Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Од:

Сушанто, синот на Субрата Рој, во декември ќе се појави пред суд. Тој се товари за неплатен долг од 100.000 евра. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го тужи него и неговата фирма бидејќи не си ги намириле обврските за плаќање закуп за 5.353 хектари земјиште кое беше соспвеност на Џумалјија во Лозово.

Ова беше само една од помпезно најавувани инвестиции на индискиот милијардер, Субрата Рој, од кои Македонија доби едно големо-ништо.

Првото зборување и сликање беше со екс министерот за финансии Зоран Ставрески.

03be3542-18bc-453b-ad0a-8a1542e736be_w640_r1_s_cx5_cy9_cw89

„Сахара груп“ требаше да плаќа годишен закуп од 121 илјада евра. за 5.353 хектари земјоделско земјиште, но и во првите 18 месеци да набави најмалку 8.000 грла крави, да вработи 900 лица и да инвестира најмалку 60 милиони евра. Но ова е само една од инвестициите на милијардерот кој се шеташе низ Македонија и најавуваше инвестиции на секој чекор.

saharaja

Во Љубаништа најавуваше луксузен комлекс со луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода на површина од 240 хектари.

Градежното земјиште требаше да се отуѓува по цена од 200 денари, а реагираше и МПЦ.

screenshot_72

Субрата Рој најави дека ќе инвестира и во Преспа, односно по пропадната португласка инвестиција на компанијата „Аква Пура“ а и дека ќе инвестира во спомен-обележје на Мајка Тереза.

И згора на се, како награда за пропадните инвестиции, синот и сопругата на индискиот бизнисмен Субрата Рој , Сушанто Рој и Свапна Рој, добија македонско државјанство и се откажале од државјанството во Индија.

sahara-dzhumajlija-3

 

Тоа беше е начин како да се спречи индиските органи да трагаат по црните пари на бизнисменот кои ги контролираат неговата сопруга и синот.

Власта на ВМРО – ДПМНЕ на последните неколку изборни циклуси, еден од главните адути пред граѓаните го промовираше токму проектите на Субрата Рој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Груевски никогаш не реклe дека „Сахара груп“ ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира

Ана Ололовска