Синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце: Благодарност до семејството што го спаси животот на татко ми

Од:

Васил Огњановски, синот на пациентот кому ноќеска му беше трансплантирано срце, изрази сочувство до семејството на починатата жена, од кое неговиот татко го доби срцето.

„Пред се едно големо сочуство и големо благодарам до фамилијата што со донирањето спасија три животи, од кој еден е животот на татко ми“, рече Огњановски.

Тој рече дека се се случило многу бргу. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација кај нас.

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш и едно многу големо благодарам за нив. Во државата имаме многу добри доктори што ќе спасат милиони животи“, рече Васил, синот на пациентот кому му е трансплантирано срце.

Тој би сакал да се сретне со семејството на донаторката, но пред се, како што кажа, би сакал прво да стивне нивната болка, па потоа да се запознаат, и тој и неговиот татко да биде во состојба да се запознае со нив.

„Да изразиме сочвуство и да им кажеме дека нејзиното срце се уште чука. Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство“, рече тој.

Првата трансплантација на срце, која беше изведена ноќеска, во координација со министерот за здравство Венко Филипче ја започна и ја водеше националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска. Таа со својот тим болнички координтори д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

На експлантацијата работеа д-р Марјан Шокаровски и д-р Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја водеа др Маја Мојсова Мијовска, д-р Весна Дурнев и д-р Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов,  д-р  Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски од Аџибадем Систина.

На Клиниката за урологија на трансплантациите на бубрезите работеа лекарски тимови под раководтсво на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања, како и лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа.

Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот