Актерката и професорка на ФДУ во Скопје, Синоличка Трпкова преку статус на Фејсбук се осврна на апсењето на Паско Кузман и актуелната состојба во државава. Ви го пренесуваме во продолжение:
„Седум години Паско копаше по гробот Македонја за да не пресоздаде. Откога не му успеа, заврши во затвор. Џабе толкава мака за човекот, кога ДПМНЕ со наредба, преку ноќ, не престори во антички народ, како шарлатан на панаѓур што лаже, додека неговото синче ги празни џебовите од публиката. Ем излажани, ем со празни џебови, ние пак ќе го гледаме шоуто на шарлатанот… никако да ни текне дека после неговите шоуа – џебовите ни се празни! Патувачкиот циркус Македонија успева само дома.
Надвор е прозрен одамна. Светот не гледа и нас и шарлатанот и циркусот. Некој ќе мора да плукне во дланките и да ги закопа отворените гробови, за да не се шири реа и зараза. Кој ли ќе биде тој херој? Честит Илинден!“, напиша Трпкова на Фејсбук.