Син украл речиси 85 илјади евра од метална каса на таткото

Од:

За кражбата на речиси 85 илјади евра која пред два дена ја пријавил жител на тетовско Јанчиште тетовската полиција изготви поднесок против неговиот 25-годишен син. Според СВР Тетово 25-годишникот од метална каса во домот во изминати три недели одзел вкупно 5.199.000 денари.

-Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште и ќе изготви соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик, изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Членот 263 предвидува „гонење за дела помеѓу блиски сродници кои живеат во исто домаќинство по приватна тужба“, во врска со член 236 од Кривичниот законик каде е запишано делото „тешка кражба“.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он