Симулација на пожар во услови на Ковид-19 во Делчево

Од:

Делчевската противпожарна единица денеска реализираше симулациска вежба за гаснење пожар во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во услови на Ковид-19.

Во рамки на тактичко-показната вежба пожарникарите имаа интервенција на пожар во стариот дел од училиштето и притоа евакуаирани и спасени беа двајца повредени. Како што информираше Миле Тодоровски од ТППЕ Делчево, во активноста учествуваа 14 пожарникари и три возила.

-Зафатен беше дел од стариот дел на училиштето. Интервенирано е со ФАП 13 и пуштање една линија и разделница, извршена е евакуација на едно лице на скала и спасување на повредено лице од внатрешноста на училиштето и евакуација. Во симулациската вежба учествуваа три противпожарни единици, 14 пожарникари и три противпожарни возила, рече Тодоровски.

Овие вежби, како што додаде, се редовна пракса за да се види подготвеноста на вработените во единицата во услови на вистинска појава на пожар во установите и институциите во градот.

-Ова е од особено значење, бидејќи ние не знаеме кога ќе имаме ваква ситуација и интервенции. Целта на одржувањето на ваквите вежби е да се види редовната подготвеност, како физички, така и психички, како и исправноста на опремата што ја располагаме, додаде Тодоровски.

Грдоначалникот на Делчево Горан Трајковски кој присуствуваше на оваа симулациска вежба изрази задоволство што пожарникарите се подготвени за вакви предизвици.

-Дај Боже да немате работа, да правите акции, да сте увежбани и во училиштата и во градинките, тоа вам ви е редовна работа за која секогаш треба да имате план за вакви акции и евакуации, но како што реков, дај Боже да не се појават, рече Трајковски.
Пожарникарите наскоро ќе добијат дополнителна заштитна опрема – заштитни ракавици и чевли по сите стандарди за гаснење пожари, а општината е во фаза на реализирање проект за набавка на ново противпожарно возило.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија