А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Симовски: Додека не се направи нов попис, ДЗС не може да даде точни податоци

by А1он11/09/2017 - 14:59145
Share0

Државниот завод за статистика не може да обезбеди голем број на податоци кои им се потребни на невладините организации оти тие се обезбедуваат единствено со Попис на населението, кој во Република Македонија не е одржан од 2002 година. Ова го истакна в.д. директорот на ДЗС Апостол Симовски, на денешната работилница со претставници на граѓанските организации.

Добивај вести на вибер

– Добар дел од информациите кои ви се потребни, во суштина се обезбедуваат со попис на населението. Дел од овие не можат да се покријат со одредени истражувања. Од тие причини ние не даваме одредени податоци оти тие нема да бидат точни. Последната проценка на бројот на население дадена на 31 декември 2016 година е дека бројот е околу 2 милиона и 70 илјади. Дали верувате вие дека оваа бројка е точна? На пописот се додаваат новородените, се одземаат починатите лица, и се додаваат мигрантите. Ние сме миграциско подрачје, а сега таа миграција се интензивира. Меѓутоа, опфатот на мигрантите е многу мал, особено за емиграцијата. Од овие причини, ние избегнуваме да даваме информации оти не сме сигурни колку се точни. На пример, не можеме да дадеме податоци за етничката припадност оти тие бројки се добиваат со попис, појасни в.д. директорот на ДЗС, Симовски.

Од невладините забележаа дека статистички податоци за Република Македонија недостасуваат на глобално ниво. Според нив, ДЗС треба повеќе да ги „храни“ меѓународните бази на податоци со податоци од државата.

– Она што претставува проблем е што Заводот за статистика, во збирките податоци што ги работи, ги складира и податоците според дадени анкети или податоците од одредени области. Она што на невладините организации им претставува проблем е да ги споредат различните збирки на податоци, анкети и бази на податоци, и оттаму да извлечат заклучок, вели Билјана Дуковска од невладината „Македонска платформа против сиромаштија“.

Кај сиромаштијата, таа вели е лесно, бидејќи ДЗС директно вади бројка на граѓани што живеат под праг на сиромаштија.

– Меѓутоа, има бројка на вработени сиромашни, која што во моментов е 8, 9 проценти, и за која ние не знаеме како е дојдено методолшки. Дали се тоа граѓани со ниски приходи, колку од нив се помлади, повозрасни, вели Дуковска.

Според неа, за да се дојде до одреден податок треба да се биде статистички писмен.

– Ако станува збор институции, кои имаат лица стручни за тоа, тогаш е во ред. Но, кога станува збор за граѓански организации, со или без вработени, со неколку луѓе коишто им се неопходни, тешко е податоците да се обработат самостојно. Недостасуваат податоци достапни и јасни и за граѓаните и за граѓанските организации, без потреба некој да им ги толкува, потенцира Дуковска.

Таа вели дека постојат индикатори внатре во морето на податоци, меѓутоа е тешко да се извадат.

– Може да се извади бројот на семејства коишто имаат деца од 0 до 18 години, меѓутоа, од 18 до 29, многу е тешко да се оддели, забележа Билјана Дуковска од невладината „Македонска платформа против сиромаштија“.

statistika

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески16/04/2024 - 10:4916/04/2024 - 10:50

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески21/03/2024 - 12:4421/03/2024 - 12:45

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он01/07/2023 - 10:09

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски06/06/2023 - 08:2606/06/2023 - 08:40

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска11/04/2023 - 10:04

ДЗС: Намален бројот на доктори на науки и на магистри во 2022 во споредба со претходната година

Ана Ололовска27/03/2023 - 12:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен