Силјановска потрошила 165 илјади евра за кампањата

Од:

Доцна попладнево ДИК ги објави финансиските извештаи за кампањата на претседателските кандидати.

Меѓу објавените е и тој на кандидатката Гордана Силјановска Давкова каде пишува дека потрошила околу 165 илјади евра. Според податоците таа има приходи од 204 илјади евра, а донации стигнале од 250 физички лица.

Најголема донација има од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски 3 илјади евра, а пратеникот Антонијо Милошоски донирал 2,5 илјади евра.

Претходно, на страницата на ДКСК беа објавени извештаите за Стево Пендаровски кој според податоците потрошил 480 илјади евра, а Блерим Река 25 илјади евра, во првите десет дена од кампањата.

Извештајот на Силјановска не беше објавен , бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ го пратиле преку препорачана пошта.

Рокот за доставување измина синоќа на полноќ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски