Силјановска: Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ

Од:

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на претстојните избори, професорката Гордана Силјановска Давкова се прости од Билјана Беличанец Алексиќ.

„Секоја загуба боли. Веста за секоја смрт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија прерана смрт. Посебно кога смрта не била судбина…

Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност.

Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија. Нека почива во мир“, напиша Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Општина Кисела Вода поради смртта на Беличанец

Ана Ололовска

Сочувство од Иванов по повод смртта на актерката Билјана Беличанец

Ана Ололовска

Општина Кисела Вода ќе одржи комеморација за Беличанец в понеделник

Ана Ололовска

Зафирчев: Не напушти на најтрагичниот од сите можни начини

Ана Ололовска

Мицкоски: Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат

Ана Ололовска

Рангелова: Зошто Билјанче мораше вака…зошто?

Ана Ололовска