Сиљановска Давкова: Во ЕУ не влегуваат егзотични држави, туку стандардни, демократски држави, компатибилни со оние внатре, компатибилни со германската држава

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија, соопштија денеска од нејзиниот Кабинет.

На средбата претставниците на македонската дијаспора ја запознале претседателката Сиљановска Давкова со нивните севкупни активности и нивната вклученост во општествените текови во Германија.

– Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека припадниците на македонската дијаспора во Германија, како наша најбројна иселеничка заедница во Европа, имаат посебно важна улога, и посочи дека се мост којшто дополнително ги јакне добрите билатерални односи меѓу двете држави, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Истакнувајќи ги нејзините заложби за соработка и продлабочување на врските со дијаспората, Сиљановска Давкова ја претставила својата иницијатива за создавање на Национален совет за соработка со дијаспората, со цел изнаоѓање на начини за нејзино зголемено вклучување во стратегискиот развој на земјата.

– Треба да станеме стандардна држава. Во Европската Унија не влегуваат егзотични држави, туку стандардни, демократски држави, компатибилни со оние внатре, компатибилни со германската држава, рекла претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека ние отсекогаш географски, историски, културно сме биле дел од Европа.

Би можело да ве интересира

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он

Пелегрини – Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ треба да биде фер процес, предвидлив и со исти правила за сите кандидати

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он