Сиљановска-Давкова со предупредување од Севиља: Постојат сериозни геополитички и економски ризици

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља.

Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда.

Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици коишто ги поткопуваат досегашните достигнувања, изрaзувајќи верба во можноста од подобар и поодржлив свет.

Според неа, пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства. Во новиот Пакт за иднината, претседателката препознава обновен глобален општествен договор. Таа укажа на потребата од споделена одговорност на сите засегнати страни.

Потенцирајќи дека речиси две третини од Целите за одржлив развој се поврзани со реформите на Европската Унија, претседателката информираше дека нашата Национална стратегија за развој 2024-2044 е усогласена со најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ООН.

Сиљановска-Давкова им се заблагодари на ОН, ЕУ и развојните агенции од повеќе земји, како и на меѓународните финансиски институции – ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за суштинската поддршка преку проектите во областите на зелената транзиција, здравството, образованието и инфраструктуратa.

Би можело да ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен

Сиљановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он

Сиљановска-Давкова: Верувам во добрите намери и посветеноста на Хрватска и Словенија за забрзано чекорење на регионот кон ЕУ

А1он

Сиљановска – Давкова: Во Драч се разговара за европската интеграција и регионалната безбедност

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски