Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина.

Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.

– Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Овој ден нека нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство

Сиљановска-Давкова: Не може да остане во Уставниот суд личност која што е избрана на неуставен и незаконски начин

Сиљановска-Давкова не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер на Народната банка

Сиљановска-Давкова по дополнителните анализи ќе даде предлог за гувернер на Народната банка

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го сакаме, чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ