Сиљановска Давкова: Посакувам да најдеме решение со Бугарија, судбина ни била не случајно да живееме едни до други

Од:

Секогаш кога зборуваме за други нешта зборуваме и за нашиот основен проблем, дека редно време е да се однесуваме така како двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот, како граѓаните, со разбирање и взаемна почит за да можеме да најдеме некое заедничко решение, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Велес на националнaта конференција „Заедно сме посилни“.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со телефонскиот разговор со бугарскиот претседател Румен Радев, претседателката рече дека посакува да се изнајде решение за проблемот, бидејќи, како што рече, судбина ни била не случајно да живееме едни до други, па дури и да се разбираме.

– Судбина ни била не случајно да живееме едни до други, па дури и да се разбираме и мислам дека тоа нè обврзува. Двајцата таа траекторија ја тераме, полека мирно со разбирање и почит. Јас посакувам да најдеме решение – рече Сиљановска Давкова.

Прашана дали ќе има билатерална средба, Давкова рече дека сигурно ќе има, но дека не може од сега со сигурност да каже.

– Сигурно ќе има, но не можам однапред да кажам тоа е на 4 април. Средбата е мултилатерална и има секогаш дебата за процесот, до каде сме и какви се заканите со растечкиот радикализам, екстремизам и тероризам. Сите знаеме дека заканите постојат овде и дека кога се во прашање со растечкиот радикализам, екстремизам и тероризам, исто така треба сите да се обединиме и да се справуваме со нив, бидејќи безбедноста, стабилноста и мирот зависи од регионалниот мир и безбедност, рече претседателката.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста

А1он

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадемe, таква држава ќе имаме

А1он

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он