Сиљановска-Давкова по дополнителните анализи ќе даде предлог за гувернер на Народната банка

Од:

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска нема да биде доставен до Собранието. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, вчера имала разговор со кандидатите за гувернер и ќе направи дополнителни анализи по што ќе го достави предлогот до законодавниот дом.

Од Кабинетот на претседателката нагласуваат дека тоа и го дозволува законот и дека тоа што предлогот ќе биде доставен за некој ден нема да влијае врз работата на институцијата затоа што до изборот на нов гувернер, функцијата ја врши актуелниот гувернер.

Меѓу кандидатите кои се споменуваат за оваа функција се актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

И од Собранието утринава информираа дека досега не е пристигнат предлогот за гувернер.

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

Сиљановска-Давкова: Измените во КЗ важат до донесување на новиот Кривичен законик

Славески: Централната банка останува на претпазлив курс

Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

А1он