Сиљановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети болниците во Скопје – „Свети Наум Охридски“, „8 Септември“ и Клиничкиот центар, каде што посети дел од повредените во утринскиот страотен пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој според досегашните информации загинало 51 лице.

Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св. Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.

– Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи. Некои од кои од нив и контактираат, ама тоа е, рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додавајќи дека не може да поверува како ова се случило.

– Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.

На прашањето дали знае дека веќе не постои Центарот за изгореници, рече дека не е запознаена, дека ќе праша, и дека од Воената медицинска академија (ВМА) во Белград и понудиле помош за повредени лица да се носат таму.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он