Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

Од:

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се обратила на третата Конференција на Обединетите нации за океанот (UNOC3) за поддршка на спроведувањето на целта 14 за одржлив развој „Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој”, што се одржува во Ница, Франција.

Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа во обраќањето го нагласила виталното значење на океанот како срце на глобалниот климатски систем којшто апсорбира четвртина од емисиите на јаглероден диоксид и обезбедува половина од кислородот потребен на Земјата.

– Сиљановска-Давкова укажа дека со нашите неодржливи модели на производство и потрошувачка го нарушуваме океанскиот систем. Таа посочи дека за да се справиме со кризата, потребен е ефикасен мултилатеризам со силни Обединети нации коишто постојат за да градат мир не само меѓу нациите, туку и со природата. Според претседателката, ниту една земја, ниту еден континент не може самостојно да воспостави и одржи мир со природата. Таа рече дека симболична коинциденција е што склучувањето на Договорот за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност се случува во татковината на Мишел Сера, авторот на „Природниот договор” во којшто луѓето ги третираат Земјата и природата како ним рамноправни партнери, се наведува во соопштението.

Истакнувајќи ја македонската заложба за дијалог и силно меѓународно управување со океаните, Сиљановска-Давкова потенцирала дека ја поздравуваме Декларацијата „Нашиот океан, нашата иднина: обединети за итна акција“ и дека „изразуваме поддршка за имплементацијата на Целта за одржлив развој 14 и Акциониот план од Ница“.

– Како земја, дел од Медитеранот, еден од климатски најранливите региони во светот, даваме приоритет на интегрираното управување со водите. Таа оцени дека овој процес ќе биде многу поефикасен ако се деблокира нашето пристапување кон ЕУ, истакна претседателката Сиљановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

Амбасадорката Агелер на проштална средба кај претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Сиљановска-Давкова: Божик е повик да погледнеме кон себе – jас не видов денеска намуртен човек, сите се насмеани

А1он

Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација

Ако има решение за Украина, ЕУ ќе најде и за Македонија, порача претседателката Сиљановска

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Можни се излезни решенија за ЕУ, но историјата, културата и јазикот мора да се тргнат од критериумите