Сиљановска-Давкова од Астана форумот: Повикав на суштински реформи на светската организација, време е за жена генерален секретар на ОН

Од:

Благодарам од срце за можноста да се обратам на Астана форумот, пред луѓе кои со своето знаење, визии и државничка мудрост имаат потенцијал да го променат светот, напиша претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот Фејсбук профил.

– Мултилатералниот систем базиран на правила е расцепкан под тежината на растечката мултиполарност. Се чини дека правиме чекор назад, кон постар светски поредок, оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, каде што правилата се заменуваат со моќ, објави Сиљановска-Давкова на ФБ.

На отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, напиша претседателката на РСМ, повикав на суштински реформи на светската организација.

– Време е за жена генерален секретар на ОН. Во свет доминиран од силни мажи со оружје, ни требаат силни жени со мудрост, објави Сиљановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста

А1он

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадемe, таква држава ќе имаме

А1он

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он