Сиљановска Давкова на средба со Алијев во Баку

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која е во официјална посета на Азербејџан претпладнево беше пречекана со највисоки државни и воени почести од нејзиниот домаќин Илхам Алијев во претседателската резиденција „Зугулба“ во Баку.

Во тек е тет-а-тет средба на Сиљановска Давкова и Алијев по што следува следува пленарен состанок на двете делегации.
Во состав на македонската делегација е и минисетрот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Претседателката попладне ќе одржи предавање пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку.
Според агендата, Сиљановска-Давкова утре ќе има средби со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов, а задутре ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Претседателката ќе се обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.

Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај: Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност

А1он

Сиљановска не сака да коментира за „квалификацијата шпионска афера“, збунета е од одговорите на Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова до бугарскиот амбасадор во Словенија: Македонскиот Устав ги гарантира правата на сите малцинства

А1он

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври

А1он

Сиљановска-Давкова: Не бараме привилегии, туку почитување на европските принципи

Горан Наумовски

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија