Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Таа истакна дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово-базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени. За неа, фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во континуитет, а не било превенирано или санкционирано.

Според неа, борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование, да продолжи со правни акти и институционални механизми, вклучувајќи ги и јавно-обвинителските и судските.

Сиљановска-Давлова посочи дека ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско.

На првиот панел се обратија и амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади и Муамет Реџепи, помошник на министерот за внатрешни работи, презентирајќи свои видувања, податоци и решенија за надминување на еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени.

Во вториот панел се обратија: Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, јавната обвинителка Фатиме Фетаи, судијката Габриела Гајдова, Светлана Цветковска од Mинистерството за социјална политика, демографија и млади и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Секоја од нив, во рамките на својата работа ги детектираше најголемите слабости во справувањето со насилството врз жените, вклучувајќи го и фемицидот, оценувајќи ја позитивно воспоставената соработка со надлежните институции, како гаранција за позитивен исчекор во оваа битка. Сите ја поздравија нововоспоставената платформа Femicide Watch.

Сите учесници беа согласни дека покрај 16 дена активизам, потребно е 349 денови ангажман на сите во справувањето со фемицидот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Горан Наумовски

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он